Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
Со поддршка од 18 000 членови на СДСМ, Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на партијата.
Задоволен што за 8 месеци успеал да ја дуплира поддршката од членството, Филипче порача дека СДСМ е силна и подготвена да работи за доброто на Македонија и граѓаните, бидејќи како што вели, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача ниту едно ветување.
Ќе се фокусира на враќање на СДСМ на победничките патеки, а прв предизвик ќе бидат изборите на есен.
Само 18 илјади членови сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет, реагираше ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите.
Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за ПР, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи. Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија.
Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен привезок на Заев, стои во реакцијата на владејаката партија
Првата работна посета на Филипче е на Брисел. Од партијата информираат дека денеска ќе присуствува на конференција на Социјалистите и Демократите посветена на проширувањето на ЕУ.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар