Македонија
7. April 2025 - 19:48

Таткото на Вања негира вмешаност во случајот

Таткото на убиената Вања кој е обвинет дека помагал при нејзиното грабнување, тврди дека нема никаква вмешаност во случајот. Денеска, одговарајќи на прашања од својот адвокат, рече дека останатите обвинети не ги познава, ама и дека не може да ги гледа во судницата.

Ѓорчевски се пожали од односот на полицијата кои работеле на пронаоѓање на Вања. Смета дека истрагата ја воделе во погрешна насока и не му верувале дека е киднапирана неговата ќерка. Потврди дека напишал порака во вибер групата со родители од класот на Вања, која потоа ја избришал, ама негираше дека прашувал за откуп на неговата ќерка. Таква порака испратил кај Вања, надевајќи се да ја видат киднаперите.

За одбраната, сведочењето на Александар ја потврдила неговата невиност.

Судењето продолжува во петок, кога Ѓорчевски ќе одговара на прашања од обвинителството, обвинетите и судијата.