Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
Отсечно не од Премиерот по теоретската можност за реконструкција на Владата во пресрет на локалните избори која ја отвори вицепремиерот Меџити.
И Меџити и Мицкоски тврдат дека коалицијата функционира одлично а вицепремиерот вели дека добра атмосфера има и во Вреди каде се готви заеднички настап на изборите. Единствен проблем е Таравари кој според Меџити седи на две столчиња.
Со ДУИ не сум преговарал, демантираше Тараври кој денеска почна и да брои пратеници.
И Таравари како и премиерот ја отфрли можноста за реконструкција во владиниот кабинет пред изборите, исто како што вчера тоа го стори и ЗНАМ.
Димитриевски на социјалните мрежи порача дека со ВМРО-ДПМНЕ нема разговори за трампа на ресори додавајќи дека неговата партија ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар