Македонија
7. April 2025 - 14:12

61-ва жртва на трагедијата во Кочани

61-ва жртва на трагедијата во Кочани, почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија.

Тој им подлегнал на повредите здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16- март.

Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.