ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
Левица користи гол популизам кога застанува контра извшителите, а добива услуги од нив за да купуваат ефтин имот во центарот на Скопје, обвинуваат и денеска ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ги и партијата и лидерот Апасиев левичари од Али Експрес. За владејачката партија спорно што имотот е купен токму од извршител и од банка поврзани и со продажбата на деловниот центар Соравиа, кој пак, е во реалција со ДУИ.
-Им се распрсна како меур од сапуница тезата дека се левичари во истиот момент кога купија 409м2 деловен простор во центарот на Скопје од банка, преку извршител. Левица и Апасиев сега се радуваат на имот кој присилно му е одземен на претходниот сопственик кој не можел да ги сервисира долговите, а до пред само неколку дена се бунтуваа против извршителите. Ништо повеќе што ќе каже Димитар Апасиев не држи вода. Неговата политичка парадигма се покажа како гол популизам, втемелен на манипулации и злоупотреба на чувствата на граѓаните.
Од Левица пак, возвраќаат нема контрадикторност во нивните ставови против извршителите и тоа што купиле имот токму преку извршител. Велат дека цената е ниска бидејќи се работело за подрумски руинирани простории, а немале ни врска со извршителот или банката која го продавала имотот.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Левица веќе неколку дена се во меѓусебни партиски пресметки за новиот имот на партијата на Апасиев во центарот на Скопје купен за 720 евра по квадрат, цена неколкукратно помала од пазарната. Прашањето се отвори на седницата за пратенички прашања кога премиерот Мицкоски извади документи од продажбата на имотот и при тоа побара истражните органи да ја проверат трансакцијата која е сомнителна поради багателната цена.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар