Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
Матичните лекари добиваат повеќе пари од државата. Почнувајќи од априлската плата општите лекари, гинеколозите и стоматолозите ќе добијат повисоки плати, откако владата го зголеми капитациониот бод до 33 отсто.
На Светскиот ден на здравјето, ФЗО најави значителни реформи за примарната здравствена заштита, односно состојбата ќе се менува преку пет нови протоколи со фокус на кардиоваскуларните болести.
Годинава одбележувањето на светскиот ден на здравјето е со фокус на мајчинското здравје и здравјето на новороденчињата. Лекарите апелираат редовно да се прават потребните прегледи а со тоа да се зачува и здравјето.
И најмалите од десетина скопски градинки го одбележаат денот со крос трки во градскиот парк.
На светскиот ден на здравјето, статистиката говори дека се намалува бројот на ординации. Само лани биле затворени 34 по општа медицина, 24 по стоматологија, или споредбено со 2015-та досега повеќе од 100 ординации се затворени.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар