Иванов-Камерон: Мора да се зголемат капацитетите на македонско-грчката граница
Бегалската криза и состојбите на македонско-грчката граница беа во фокусот на разговорите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и британскиот премиер Дејвид Камерон на синоќешниот прием кај Принцот Чарлс во Лондон.
Претседателот Иванов кој учествува на лидерскиот самит во Лондон за поддршка на Сирија и регионот, го информирал Камерон за заканата од илегална миграција и зголемите безбедносни ризици долж мигрантскиот коридор. Британскиот премиер изразил интерес за случувањата на македонско - грчката граница и за тоа дали се спроведува одлуката да се пропуштаат само бегалците од кризните региони, Ирак, Авганистан и Сирија.
Иванов истакнал дека низ Македонија досега има поминато милион бегалци, а од ноември се пропуштаат бегалците од трите конфликтни подрачја.
- Безбедносните ризици се зголемуваат и во последно време полицијата открива се повеќе лица со лажни исправи и регистрациски документи издадени од ФРОНТЕКС, кои се обидуваат да ја преминат границата и да продолжат по рутата за што е предложено и прифаќање на единствен биометриски регистрациски лист за мигрантите кој ќе се издава на границата со Грција со намера да транзитираат до крајната дестинација, рекол македонскиот претседател Иванов, јави известувачот на МИА од Лондон.
Иванов и Камерон се согласиле дека мора да се зголемат капацитетите за заштита на македонско – грчката граница.
Македонскиот претседател на синоќешниот прием имал средба и со Филип Хамонд, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство, со претставници на меѓународните организации, невладини организации, како и средба со ГС на УНЕСКО, Ирина Бокова.
Иванов денеска на маргините на Конференцијата во Лондон разговарал и со претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск, со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со претседателите на Хрватска и на Швајцарија, Колинда Грабар Китаровиќ и Јохан Шнајдер Аман и со естонскиот премиер, Тави Ројвас.
Ново на Сител
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот