Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
Ќе се откаже ли Трамп од најавените царини или сепак ќе ги воведе? Неизвесноста е убиец на инвестициската активност, велат економистите. Ако по 3 месеци сепак стапат на сила, мала земја како нашата не би имала големи директни последици. Заканата доаѓа од нашите најголеми трговски партнери, односно од Европската Унија.
Ако таму има царини, тоа би било сериозен удар врз нашата економија. Трговската војна САД ЕУ ќе ја почуствуваме како ние да сме членка на ЕУ, а не сме, изјави Ванчо Узунов, унивезитетски професор.
Крајната неизвесност влијае и врз креаторите на фискалната и монетарната политика. Иако има знаци дека инфлацијата полека стивнува, сепак ФЕД и ЕЦБ се внимателни со намалување на каматните стапки. Очекувањата на банкарите се дека ќе има благо намалување, кое ќе се рефлектира и кај нас
- Македонскиот денар е стабилен, така што индирекни последици може да има врз македонскиот извоз и намалување на конкурентноста на производите кои се извезуваат. Домашната референтна каматна стапка, која моментално изнесува 5,35%, најверојатно ги следи случувањата во ЕЦБ, така што може да се очекува благо намалување на каматите и кај нас, изјави Весна Трајковска, претседател на АЦИ.
- Големо влијание имаше и влезот на унгарскиот кредит и ниската каматна стапка од само 1,95%, така што во трка по повеќе клиенти, за очекување е дека ќе има пад на каматите, додава Маја Штериева, престедател на МБА.
Сепак, нарушените синџири на набавка, можат да влиаат на зголемување на цените и подгревање на инфлација. Тоа би резултирало и со намалена продуктивност и воздржување од инвестиции. Погодени се и финансиските пазари - доларот губи од вредноста на сметка на еврото и другите валути. Пад, кој се очекува да продолжи доколку Трамп не ја смени политиката. Ова беше констатирано на 30 годишнината на Здружението на финансиски пазари АЦИ.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар