Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
Само половичен резултат дале владините мерки за замрзнати цени и маржи, сметаат од ССМ. Производите кои биле опфатени со мерката поевтиниеле за нешто над 6%. Бројка што не е ни колку што ветуваа трговците - 10 отсто, ни колку што очекуваше власта – најмалку 10%. Како и со претходните, така и со оваа мерка, само се потврди дека трговците се алчни и профитираат на грбот на работниците, смета првиот синдикалец Трендафилов
-За жал, Владата, како и многу пати досега, е изиграна од нивна страна. Се надевам дека нема да дозволи да ја изиграат по трет, четврти и петти пат. За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите.. Се надевам дека тоа нема да биде случај и на 2 мај Доколку биде случај, ќе ги преземеме сите мерки што ни се на располагање и кои во минатото ја поттикнаа Владата да носи мерки кои ќе траат и на подолг рок, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
Не помогнаа ни владините кошници, ни објавувањетро на цените он лајн, за да се намалат цените на производите, смета СДСМ. Граѓените не можат да ги купат ниту основните месечни продукти
- Инфлацијата и понатаму ја нагризува куповната моќ – индексот на трошоци на живот во првите три месеци од годинава се движи од 2,7% до 5,0%, додека цените на мало растат со слична динамика од 2,2% до 5,2%, што значи дека основните производи стануваат сè помалку достапни. Северна Македонија останува земја со најниски плати во регионот, а истовремено со едни од највисоките цени. Додека пак владините мерки за ограничување на маржите, онлајн објавување на цените од страна на маркетите, како и симболичните обиди со „новогодишната кошничка“ останаа без резултати. Празничната трпеза за Први Мај ќе биде поскапа и поскромна за работниците. Изјави Фатмир Битиќи, СДСМ
Кога СДСМ зборува за поскапувања, тоа е како пироман да ви држи лекција за гасење пожар, возвратија од ВМРО ДПМНЕ.
Партијата која ја донесе Македонија до работ на економски колапс сега глуми загриженост за животниот стандард.
СДС и ДУИ четири години живееја на грбот на граѓаните. Нема производ што не го поскапеа, нема данок што не го покачија, нема сиромашен што не го направија уште посиромашен.
За разлика од СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш започна со решителни и конкретни мерки како Контрола на цените и маржите: Ограничени се трговските маржи и замрзнати цените на клучни прехранбени производи – нешто што СДС никогаш не го направи, бидејќи повеќе ги интересираа профитите на нивните картели отколку чинијата на граѓанинот., се наведува во соопшението на владејачката партија.
Инаку Синдикалната кошница кога стапија на сила владините мерки, во делот за храна се намали за 1,600 денари, односно 6,78 осто. Во април за дополнителни 360 денари. Сепак, бројките покажуваат дека само за храна на едно семејство месечно му се потребни над 21,500 денари. Замрзнатите цени и маржи истекуваат денеска. Дали ќе има поскапување од утре – власта смета дека нема основ. Но ако цените повторно се зголемат , ќе следи ново замрзнување на поголем дел производи.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар