Бизнис
15. April 2025 - 16:30

Кои државни институции го полнат буџетот?

Кои државни институции исплаќаат дивиденда и се заслужни за  огромниот скок на вкупните буџетски приходи? Од министерството за финансии без одговор, но на веб страната стои дека под  државна капа се 13 акционерски друштва, 2 ДООЕЛИ и 14 јавни претпријатија.

Во 2023 та година во добивка биле АД Електрани, за пренос  на електрична енергија, воздухопловна навигација М Нав, Државна лотарија, Номагас, АД за стопанисување со станбен и деловен простор, но и Јавните претпријатија за државни патишта, за одржување на патишта, Службен весник и некои помали институции, Сите вкупно оствариле добивка од скоро 97 милиони евра.

Следната 2024та , најголем дел од нив рабоотеле со загуба, и лани буџетот од нив бил во минус од 18 милиони евра. За енермниот раст на приходите во буџетот, вчера министерката Кочоска рече дека се од добивките на институциите од 2023та.

„Имаме зголемување на наплата во неданочните приходи. „Тоа значи дека наплаќаме дивиденди од оние институции кои што имале добри резултати во 2023 година“., изјави Гордана Димитриоска Кочоска.

Денека финансии со нови бројки. За 3 дена во буџетот влегле дополнителни 4 милијари денари или 67 милиони евра. Заклучно со 11ти април во државаната каса се собрале 26% од планираните  приходи за цела година, а во споредба со изминатите години процентот  на наплата во исиот период се движел 16, 17 отсто.