Бизнис
22. April 2025 - 16:32

Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија

Царините на Трамп - негативен шок за глобалната економија. ММФ ги намали прогнозите за раст на економиите за половина процентен поен.  Во најновиот извештај предвидуваат светскиот раст од првичните 3,3 да  достигне 2,8 отсто, развиените  економии годината ќе ја завршат со  раст од 1,4, додека земјите во развој , наместо  4,3 - 3,7 отсто.

Високите тарифи од стана на американскиот претседател ќе ја направат иднината непредвидлива. Ќе се намали продуктивноста, помалата активност ќе значи поголеми производствени трошоци и повисоки цени. 

Несигурноста околу надворешната политика  и зголемената несигурност за пристап на пазарите – како на  домашните, така и на нивните добавувачи – ќе доведе многу фирми да паузираат – односно да се воздржат од инвестиции и трошења.

Кај некои земји може да се зголеми инфлацијата и таму ќе биде неминовно затегнување на монетарната политика. Нестабилни може да бидат и валутните пазари, така што незавоиноста на Центарлните банки ќе биде клучна за да се задржи стабен курсот на валутата. Неминовно, кај некои земји ќе треба да се интервенира со девизните пазари, пишува во најновиот извештај ММФ.

Финансиките инситуции, односно банките, соочени со неизвесност, ќе треба да ја заостарат политика за кредитирање.

Со сериозни предизвици се соочуваат и фискалните власти. Во услови на висок долг, низок раст и зголемени финансиски трошоци, фискалната стабилност  е загрозена. Повиците за државна помош  кај некои земји ќе се зголемат.

Демографските промени и намалената странска работна сила може да го запрат потенцилјанлиот раст и да ја загрозат фискалната одржливост. Високите трошоци за живот, заедно со исрпениот простор државта да интеренира,  во некои земји може да ги разгори социјалните немири.

Од ММФ препорачуват – да се врати стабилноста, затоа што на бизнисите потребна им е предвидиливост. На глобалниата економија и треба добро функционален трговски систем заснован на правила, кој се справува со долготрајните празнини, како што е употребата на нетарифни бариери и мерки за нарушување на трговијата од страна на некои земји.