Бизнис
16. April 2025 - 16:40

Кафанџиите во центарот на градот ќе плаќаат 5 денари дневно за закуп

Угостителите ќе продолжат да плаќаат по 5 денари дневно за квадрат како комунална такса за закуп на терасите. Предлогот на градоначалничката Арсовска, за враќање на тарифите како пред короната, односно 15 денари, не беше изгласан. Во надлежност на град Скопје се објектите кои се наоѓаат на плоштад, покрај кеј, на градските улици и булевари.

Што значи во центарот на градот за 100 метри квадратни кафанџиите плаќат по 15.000 денари или само 250 евра месечно за закуп.

Од СДСМ го одбија ваквиот предлог, затоа што сметаат дека  Арсовска иамла 4 години да ги смени тарифите, а не сега, 6 месеци пред истекот на мандатот. Ако општинскиот буџет е празен, според нив требало да се зголеми наплатата од даноци на имот, која не ја плаќа секој 2 сопстеник на имот.

-Зошто не се зголеми наплата на данок на имот, која во моментов е само 40, 50 отсто? на тој начин ќе влезе знчителна сума во општинскиот буџет, а не сега, 6 месеци  пред да си замине Арсовска, да бараме да се врати максималната цена за занкуп од 15 денари, изјави Гордан Шутаров, советник од СДСМ.

Мнозинството советници не го прифатија предлогот за враќање на старта цена на комунланата такса. За поскапување гласаа само 6-мина.

Секоја од општините самостојно одлучува за износот, но праксата покажува дека во моментов низ општините за квадрат се наплаќа од 8 до 15 денари дневно.