Македонија
18. May 2025 - 16:57

120 доброволци се обучуваат за справување со пожари

Во пресрет на летната туристичка сезона и очекуваните високи температури, Охрид превентивно се подготвува за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.

Околу 120 доброволци и вработени од претрпијатија се обучуваат за да можат да одговорат на задачата. 

Големиот број катастрофални пожари кои ја зафатија земјава уште еднаш покажаа дека итно е потребно координирано и здружено делување од страна на надлежните институции. Потребно е и меѓудржавно зајакнување и на соработката со Албанија, за поголема заштита на НП Галичица.

Според добрите познавачи многу важен сегмент при справувањето со пожарите во една земја е волонтеризмот. Државата мора да дава поддршка за стимулирање на волонтерите, поддршка за обуки и опрема.