Национална стратегија за заштита од пожари
ЈП „Национални шуми“ презема превентивни мерки за заштита од евентуални пожари на отворено. Со механиузација се расчистува шумската инфраструктура и се прават обрачи околу зелените појаси кои се мета на пироманите. Ова лани се покажа како добра пракса, кога од целосно опожарување беа спасени неколку села во подножјето на Серта.
- Поради огромната бројка на пожари кои не затекнаа минатата година, во моментот активно работиме на прочистување на патиштата коишто ги имаме, на шумската патна инфраструктура, отварање на нови патишта и средување на веќе постоечките. Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари, изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП„ Национални шуми.
Истовремено, владини работни групи се фокусираат на изготвување на Национална стратегија за заштита од пожари. Претходно направената анализа укажува дека ниту една институција во државата соодветно не е подготвена да се бори со пламените јазици, потенцира Михаилов
- Стратегијата вклучува набавка на она што никаде го нема. Значи ниту една институција не е подготвена за заштита од пожарите, вклучително почнувам од нас и сите други останати. Секаде се со дотраени возила, секаде се со опрема која малтене е неисправна и она што го кажав на почетокот, ги начекавме нашите вработени да гасат пожари буквално на влечки, во вистинска смисла на зборот. Ги начекавме со неподмирено здравство, односно, без здравствено осигурување беа луѓето и за жал тоа беше реалноста со која се соочивме, додаде Михаилов, заменик директор на ЈП„Национални шуми„
Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, програма Коперник, лани во Македонија изгореле над 94.000 хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар