Фијон: Преговорите за членство на Турција во ЕУ се бесперспективни
Преговорите за присоединување на Турција кон Европската унија се бесперспективни и Европејците одамна требаше да и го објаснат тоа на Анкара, кога почнаа да бараат нови формати за соработка, изјави денеска кандидатот на конзервативците за претседател на Франција Франсоа Фијон.
- Француската Влада, а оваа се однесува и на другите европски Влади, треба јасно да им даде до знаење на Турците дека тие нема да можат да влезат во составот на ЕУ. Треба да разгледаме со нив други форми на односи, но фактот дека дозволуваме да се водат преговорите за членство на Турција во Унијата, што траат веќе 30 години, според мене создава уште една причина за тензиите, што во моментов постокат во односите со Турција, нагласи Фијон.
Како што јави ТАСС, тој го коментираше и вчерашниот митинг што се одржа во францускиот град Мец со учество на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Фијон истакна дека во мометов Унијата има вистински проблем во односите со Турција и таа ситуација бара поголема цврстина кон Анкара од страна на ЕУ.
- Јас не се залагам за забрана на собирите организирани од претставниците на турската заедница во Франција, тие имаат целосно право на собири. Проблемот во моментов е провокацијата на турската Влада кон Германија и Холандија, што требаше да доведе до одлука на француските власти да не дозволат овој турски министер (Чавушоглу) да пристигне на нашата територија, потенцираше Фијон.
Ново на Сител
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција