Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
За да се стане дел од европското семејство потребно е да постои погоден момент и волја за проширување во самата ЕУ, потоа потребни се и реформи, но најнепходен услов за остварување на оваа цел е политичкиот конезус за членство во државата-кандидат. Ова искуство го пренесе главниот преговарач на Хрватска со Брисел на македонските пратеници како начин побрзо да се стигне до преговир и полноправно членство.
И останатие меѓународни претставници на денешната собраниска дебата посветена на ЕУ порачуваат соработка на двете политички страни, но велат и дека потребна е и работа.
Иако се за политички конензус, од власта коемнтираат и дека патот кон ЕУ бил обременет со идентитетски прашања, но и дека во самата унија не постои единствена волја за проширување.
Опозицијата пак во ЕУ гледа најдобар инвеститор во човечки капитал, особено во делот на отворената економија и образованието. Обединети нема пречка која не може да се помине, вели Филипче.
Иако имаа шанса да се вклучат во дебатата и да побараат конректни искуства од хрватскиот преговарач или пораки од Унијата македонските пратеници не покажаа интерес за тоа.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар