Македонија
22. April 2025 - 16:32

Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото

Дали големата трагедија во Кочани ќе го вклучи алармот кај здравствените власти за итно зајакнување на службите за Брза Помош? Ден по пожарот возач од кочанската служба почина по напорната ноќ  кога 11 пати возел на релација Кочани – Скопје превезувајќи повредени лица. Активиран беше целиот систем, но тоа ги покажа и слабостите за недостаток на кадар и возила.

Скопската служба како најголема во државата работи со 30 тима, а за милионски град оптималниот број треба да биде 90 екипи. Со години алармираат а сега веќе се плашат дали летото ќе можат да одговорат на потребите на граѓаните.

-Ова вклучува црвено светло за итни врабоувања во оваа служба. Идат и летните одмори кога половина од вработентие користат во јули а половина во август, и на оваа бројка што веќе ја спомнав, половината да ја нема не ми се спомнува со цколку тимови ќе останеме летово, вели Анита Димовска, раководител на Брза Помош Скопје.

Дали итно ќе има вработувања во овие служби, посебно во скопската каде состојбата е алармантна, иако побаравме не добивме конкретен одговор од здравствените власти. Иако се најавуваше набавка на поголем број на амбулантни возила, информацијата се уште не е јавно објавена а за тоа да се реализира ќе треба подолг период.

-Набавка на голем број на возила да се набават, но да има и конкурси за вработување на голем број на тимови, вели Димовска.

А додека чекаат вработувања и добро опремени возила за да функционираат нормално во летниот период, зголемен обем на работа имаа и за велигденските празници. Скопската служба интервенирала кај 45 колапси и десетина сообраќајни несреќи со тешки повреди.