Македонија
22. April 2025 - 16:35
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО ДПМНЕ за поддршка на локалните избори. Од партијата најавуваат дека одлука е донесена за самостоен настап на советнички листи во сите општини, за градоначалници иако ќе имале свои кандидати ќе ја бараат поддршката и од владејачката партија.
Во следните 60 дена партиското раководство преку четири каравани најавуваат средби со членството за да ги слушнат нивните предлози за имињата со кои влегуваат во изборната трка. До крајот на месецов ќе биде формирана и градска организација за град Скопје.
Во втората половина на јуни ЗНАМ ќе одгржи и втор изборен Конгрес за избор на претседател и органи на партијата во следните четири години.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->