Македонија
22. April 2025 - 12:24

Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција

Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција во Охрид.  Поскапувањата секојдневно го зголемуваат бројот на сиромашни,оние кои имаат потреба од храна, облека, лекови, не можат да ги платат сметките за струја и вода па помош бараат од Црвениот крст. Најзагрозени се самохраните родители и оние со повеќе деца.

Бројката на ранливите не е константна бидејќи бидејќи има многу граѓани кои едвај крпат крај со крај, а се срамат да се обратат за помош.Од Црвениот крст посочуваат  доколку се работоспособни да ги активираат да работат во компании.

Од Црвениот крст Охрид апелираат до општествено одговорни компании и хумани граѓани кои имаат можност да донираат за помош на социјално загрозените граѓани.