Преглед на вестите од светот
Украина и предложи на Русија 30 дневен прекин на огнот врз цивилни цели. Киев е подготвен за каква било форма на дискусија што ќе резултира со запирање на нападите врз цивилни цели, изјави Зеленски.
-Очекуваме јасен одговор од Москва. Подготвени сме за каков било разговор за тоа како да го постигнеме тоа. Постои очигледен, наједноставен и најсигурен пат: да се запрат нападите со ракетни и долг дострел беспилотни летала, кои автоматски ќе обезбедат заштита на целата цивилна инфраструктура. Мирот доаѓа во тишина. И само кога ќе има вистинска тишина и кога луѓето ќе имаат доверба во целиот преговарачки процес, може да се решат фундаменталните прашања.
Русија ќе го разгледа предлогот. Темата цивилни објекти е сложена, одговори Путин.
-Предлогот за прекин на ударите против цивилната инфраструктура - треба да го разгледаме. На пример, ударот на нашите вооружени сили врз конференцискиот центар, мислам на Универзитетот во Суми. Дали е тоа цивилен објект или не? Цивилен. Но, имаше церемонија на доделување на оние кои извршија злосторства во регионот Курск, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Двајцата лидери се соочуваат со притисок од Соединетите држави, кои се заканија дека ќе ги напуштат своите мировни напори доколку не се постигне одреден напредок за брзо време.
Студенти во блокада веќе деветти ден ги блокираат влезовите во објектите на РТС во центарот на Белград и ги спречуваат вработените да стигнат до нивните работни места.
Поради тешките услови за работа предизвикани од блокадата, јавниот сервис беше принуден да го прилагоди распоредот на програми, а до основното јавно обвинителство во Белград поднесе кривична пријава против неколку студентити кои учестуваат во блокадата. Студентите во блокада ја обвинуваат РТС дека не известува објективно за нивните протести.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар