Loading Video...
Свет
19. August 2025 - 16:46

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин

Соединетите држави почнаа подготвки за средба на Путин и Зеленски која би требало да се одржи во наредните недели .Најавата на Трамп за тет средба на лутите непријатели дојде по неговиот телефонски разгоор со Путин кој го одржа откако се состана со Зеленски и со дел од европските лидери. 

Американскиот лидер нагласи дека по средбата помегу претседтелите ан Русија и Украина би можела  да следи и трилатерлана средба со негово учество. Зеленски порача дека е подготвен да разговара со Путин. Кремљ не се обврза јавно за такви средби.

- „Ја поддржуваме идејата на Соединетите Држави, лично претседателот Трамп, да ја запре оваа војна, да направи дипломатски начин за завршување на оваа војна. Сето ова покажува дека Украина никогаш нема да застане на патот кон мирот и ние сме подготвени за секаков вид формати, но на ниво на лидери.“ Прашањето за териториите е нешто што ќе го оставиме меѓу мене и Путин, Володмир Зеленски, претседател ан Украина

-Во овој телефонски разговор, Владимир Путин и Доналд Трамп ја поддржаа идејата за продолжување на директните разговори меѓу руската и украинската делегација. Беше дискутирана идејата дека би било вредно да се истражи можноста за подигнување на нивото на претставниците од украинската и руската страна - односно, оние претставници што учествуваат во споменатите директни преговори“ истакна Јури Ушаков, помошник на Кремљ. 

Трамп за време на состаноците во Белата кука  со Зеленски, Макрон, Стармер, Мерц, Мелони, Стуб, фон дер ЛАјен и Руре обајви дека САД ке дадат безбендосни гаранции за Киев во секој мировен догоовр за ставање крај на војната во Русија, клучно барање на Украина и на Европа. - Ќе има многу, многу ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се прва линија на одбрана затоа што се таму, тие се Европа, но ние ќе им помогнеме и нив. Ќе бидеме вклучени. верувам дека мировен договор на крајот од сето ова е нешто што е многу остварливо. И тоа може да се направи во блиска иднина. Доналд Трамп, претседател на САД.

- Среќни сме што во врска со безбедносните гаранции почнуваме од предлог што беше италијански, а тоа е да се изградат ефикасни безбедносни гаранции инспирирани од Член 5 на НАТО од Вашингтонскиот договор. Јасно е дека мора да градиме врз ова, мора да работиме. Џорца Мелони, премиерка на Италија 

- Коалицијата на земји кои се подготвени, односно 30 земји кои веќе работат заедно на безбедносните гаранции, сега ќе соработува со САД на тие гаранции, координирајќи се. И веќе ги ангажиравме нашите тимови да ја извршат деталната понатамошна работа на тоа. Тоа е навистина важно за безбедноста во Украина, за безбедноста во Европа и за безбедноста во Обединетото Кралство. Кир Стармер, премиер на Велика Британија 

Според ескпертите безбедносни гаранции за Украина, слични на мандадот за колективна одбрана на НАТО  се добра вест за Киев.   

- Сега треба да се водат многу детални преговори. Но, идејата дека Украина би можела да има корист од гаранциите што ги имаат членките на НАТО, би бил огромен чекор напред ако се реализира..... 

Тема на  состаноците не биле територијални  остапаки од Украина  што ги бара  Русија , ниту пак влез  на Украина во НАТО. Ројтерс пренесува дека Унгарија би можела да биде домакин на Путин и Злеенски.  Мерц не е сигурен  дека Путин ке има храброст да присустува на таков самит а  Макрон не верува дека Путин е подотвен да ја заврши војната. 

- Не знаеме дали рускиот претседател ќе има храброст да присуствува на таков самит. Затоа е потребно убедување“- Фридрих Мерц , канцелар на Германија 

- „Имате американски претседател, европски претседатели и украински претседател кои сите сакаат мир. Од моја страна, имам најголеми сомнежи за реалноста на желбата за мир од страна на рускиот претседател, бидејќи сè додека мисли дека може да победи преку војна, тој ќе го стори тоа. А неговата крајна цел е да освои што е можно повеќе територија, да ја ослабне Украина и да има Украина која не е одржлива сама или е во рамките на руската власт. Емануел Макрон.