Федерер објави на кои трофеи цели оваа сезона
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер зборуваше за своите цели за тековната тенис сезона.
На првиот Гренд-слем за годината, Швајцарецот стигна до осминафиналето, каде беше елиминиран од грчкиот тенисер Стефанос Циципас во четири сета.
Федерер истакна дека добро играл во Австралија, но дека очекува уште подобри игри и титули во сезоната.
– Мојата цел е да освојам турнир во најкраток можен рок, се надевам во Дубаи или Индијан Велс. Се чувствувам добро и јас играв добро на „Хопман купот“ и на Австралија опен. Следната титула ќе биде под бр.100 во кариера, и ќе биде резултат на добри игри. Сепак, јас би сакал да гоосвојам „Вимблдон“ и „Ју Ес Опен“, исто така, откри Федерер.
Следниот турнир на Федерер е во Дубаи, кој почнува на 25 февруари, додека потоа ќе се пресели на американска почва и ќе се натпреварува на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс, кој започнува на 7 март.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија