Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари
Ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечки американски имунолог.
Врз основа на проекции на големите компании Модерна и Фајзер, Американците „во одреден момент во декември ќе знаат дали има ефективна вакцина или не“, додаде Фаучи.
– Првиот увид во вакцината треба, се надевам, да го имаме во следните неколку недели, рече тој.
Модерна и Фајзер во јули ја почнаа последната фаза на клиничкото тестирање и во неа учествуваа десетици илјади луѓе.
Претставници на Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да дадат прелиминарни податоци за последната фаза на тестирање на вакцините веќе следниот месец.
Фајзер, кој требаше да ги објави прелиминарните податоци за тестирањата во октомври, нема да може да ги објави пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември.
Податоците прво ќе бидат проверени од Агенцијата за храна и лекови, како и Центарот за контрола и превенција на болести и ќе дадат препорака кој би можел да ја произведе првата доза на вакцини за поширока употреба
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот