ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
ДИК ги објави конечните резултати по првиот круг гласање по одлуките на управниот суд и пoднесените тужби. Гласањето е конечно завршено во 44 општини, односно таму веќе е избран градоначалник со мнозинство од гласовите. Во сите 80 општини и Градот Скопје, завршено е гласањето и за избор на советници освен за совет во општина Шуто Оризари.
Таму повторно ќе биде спроведено гласање на три избирачки места бидејќи според управниот суд и ДИК резулатите можат да влијаат на конечниот резултат и бројот на советници.
Од 33-те општини каде што граѓаните повторно ќе гласаат за избор на нов градоначалник, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ влегува во изборна трка во 26 општини, коалицијата на СДСМ со 17 кандидати ќе бара поддршка за градоначалничка позиција. Во албанскиот блок, НАИ ќе ги одмерува силите во 5 општини, коалицијата вреди во 5, движењето ЗНАМ во 2, Левица во 1, Искуство за успех во 1 и Унија на роми во една општина.
Во вториот круг, изборната трка ќе ја водат и независни кандидати во 8 општини.
Според ДИК, во оние општини каде не беше исполнет цензусот од минимум една третина од бројот на избирачи – Гостивар, Врапчиште,Ценар Жупа и Маврово Ростуше ..гласањето ќе се одвива во нова изборна постапка по завршување на вториот круг и соопштување на конечните резултати.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
