-->
-->
Дејвис куп: Победа од 2:1 на Македонија над Малта
-->

Тениската репрезентација на Македонија ја постигна првата победа (2:1 против Малта) во Третата Европска зона од Дејвис купот откако претпладнево во продолжението на прекинатиот меч во двојки оствари триумф. Македонската комбинација Димитар Грабул и Шендрит Деари ги победија со 2-0 во сетови (7:5 и 7:5 во гемови) Метју Асциак и Омар Судзука.
Инаку, мечот беше прекинат вчера поради дожд во првиот сет при резултат 4:4 во гемови. Македонија поведе со победата на Грабул, а Малта изедначи откако Томислав Јотовски го загуби вториот сингл меч.
Според програмата Македонија денеска треба да одигра и меч од 2.коло во Созопол. Противник ни е селекцијата на Исланд, која вчера ја совлада Молдавија со 2:1. За Македонија во сингл мечевите ќе настапат Грабул и Јотовски.
Во тек е мечот Грабул Рафн Бонифациус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
