Бран штрајкови во Франција

Вработените во француската железница денеска почнаа тримесечен штрајк, што ќе се одрази на 4,5 милиони граѓани кои користат возови.
Планирано е штрајкот да трае до 28 јуни, доколку францускиот претседател Емануел Макрон не се откаже од плановите за реформа во државното железничко претпријатие СНЦФ.
За време на штрајкот ќе сообраќа само еден од осумте брзи возови Те-Же-Ве, како и еден од пет регионални возови.
Персоналот на авиокомпанијата „Ер Франс“, комуналните работници и одделни вработени во енергетскиот сектор, исто така, денеска ќе одржат одделни штрајкови.
Раководството на „Ер Франс“ соопшти дека 75 отсто од летовите нема да бидат погодени од петтиот штрајк во изминатиов месец. Штрајкови, кои се организираат поради платите, вработените во „Ер Франс“ закажаа и за 7,10 и 11 април.
Во текот на изминатите недели, во Франција штрајкуваа и пензионерите, студентите и вработените во јавниот сектор, поради реформите кои ги најави Макрон.
Аналитичарите сметаат дека бранот штрајкови е тест за Макрон, но и за синдикатите, кои повикувајќи на штрајк можат да поттикнат уште поголемо незадоволство во општеството.
Ново на Сител
-

Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти
-

Тема на денот со Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево (ВМРО ДПМНЕ)
-

Арсовска не сака да назначи нов директор на Комунална хигиена, претпријатието пред колапс
-

Касами менува реторика: Изјавата му била политички погрешно толкувана
-

Кандидатите за скопските општини со ветувања за млади, занаетчии, отворање на мали бизниси
-

Анализа на реториката на кандидатите за градоначалници во вториот изборен круг
-

Две третини од избраните градоначалници добија продолжување на мандатот
-

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
