Преглед на вестите од светот
Во израелските воздуѓни напади во Појасот Газа ноќта, загинале повеќе од 100 лица, од кои 35 деца, соопштија палестинските медицински власти. Нападите следеа по наредбите на израелскиот премиер, кој го обвини Хамас дека го прекршил мировниот договор и отворил оган врз израелските воени сили преку таканаречената Жолта линија во јужниот дел на Газа.
Во Холандија се одржуваат парламентарни избори, на кои според анкетите на јавното мислење повторно би можела да победи крајнодесничарската Партија на слободата. Дваесет и седум партии се борат за 150 места во парламентот.
Според анкетите, на второ место е блокот Зелената левица, а трета е либералната Демократи 66. Околу 13,5 милиони луѓе имаат право на глас.
Ураганот Мелиса ја погоди Куба, носејќи ветрови со брзина од 115 км/ч и обилни дождови. Предизвика големи поплави и принуди на евакуација повеќе од 735.000 луѓе. Кубанските власти соопштија дека целосниот обем на штетата на островот со 10 милиони жители допрва ќе се утврдува.
-   
  Емилија ШтерјовСите содржини од овој новинар

 
 
 
 
 
 
 
