Loading Video...
Свет
9. February 2026 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Руската Федерална служба за безбедност тврди дека полската разузнвачка служба и помогнале на Украина да го регерури напаѓачот на Владимир Алексеев, заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Според ФСБ, 69-годишниот Љубомир Корба, руски државјани роден во Украина кој вчера беше уапсен во Дубаи и екстрадиран во Москва им признал на истражителите извршувал наредби од Безбедносната служба на Украина и дека му биле ветени 30 000 долари за убиството на Алексеев.

ФСБ тврди дека доказите покажуваат дека Варшава го користела синот на Корба, полски државјанин, за да ѝ помогне на Службата за безбедност на Украина да го регрутира напаѓачот.За овие тврдења не се доставени никакви докази.

Украина демантираше каква било вмешаност додека Полска се уште не се изјаснила за обвинувањата. Алексеев беше застрелан неколку пати во станбена зградда во Москва во петокот, по што беше итно префлен во болница. Неговаат состојба е сериозна но стабилна изавија медицински претставници.

Шпанските машиновозачи од денеска стапија  во тридневен национален штрајк со баарње за подобрување на безбедноста на железничкиот ситем во земјата. Штајкот е организиран од главниот синдикат на машиновозачи Семаф по двете  тешки железнички несреќи што се случија во текот на минатиот месец, со вкупно 47 жртви.

-Ова е барање за целосна безбедност. Проблемот што го имавме и со брзиот и со приградскиот железнички сообраќај, тука во Каталонија и низ целиот дел од Шпанија, е што инвестициите, особено во одржувањето, престанаа, изјави Франциско Карденас,претсавник на Семаф.

По двете несреќи, безбедносните проверки открија дефекти и проблеми со оддржувањето на голем број пруги.

Во меѓународниот суд во Хаг почнаа завршните зборови во судскиот случај против четворицата поранешни водачи на таканаречената „Ослободителна војска на Косово“ Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Главната обвинителка Кимберли Вест побара тие да бидат осудени на по 45 години затвор по  обвинение за воени злостросртва и злостросртва против човештовото извшрени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. Според обвинителството, мотивот зад овие дејствија бил воспостување целосна контрола над Косово и елиминација на сите кои ги сметале за противници на ОВК.

Обвинението наведува дека околу 100 лица биле убиени а стотици други незаконски лишени од слобода и злоупотребени во повеке од 50 логоди под контрола на ОВК. 57-годишниот Хашим Тачи кој беше премиер, министер за надворешни работи и претседател на независно Косово помеѓу 2008 и 2020 година, и неговите соработници ги негираат сите обвиненија.

На 11 февруари, одбраната на обвинетите ќе ги презентира своите завршни зборови.