Македонија
2. October 2021 - 12:50

Без струја во понеделник делови од Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без електрична енергија во понеделник (4 октомври) ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од село Кондово кај џамијата и гробиштата во општина Сарај, од 9:00 до 13:00 часот корисниците на дел од село Орман и село Никиштане во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“ број 14 во општина Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 8:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај, а од 9:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од Стопански Двор во околина на „Галафарм“ во општина Ѓорче Петров.