-->
-->
Алегри: Никој не може да не обвини за недоволна посветеност
-->
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по ремито во 28. коло од Серија А со Аталанта (2:2), одговори на критиките кои зачестија по резултатска криза.
Тој истакна дека тимот се обидува да освои бодови на секој натпревар.
- Навивачите сакаат да не видат назад во Лигата на шампионите. Можете да го критикувате тимот и тренерот, но никој не може да не обвини за недоволна посветеност. Се трудиме да победиме на секој натпревар, но тоа не е секогаш можно, изјави Алегри во интервју за „ДАЗН“.
Јувентус на последните седум натпревари има само една победа.
По 28 кола во Серија А, тимот од Торино има освоено 58 бода и се наоѓа на 3. место. Следен натпревар на Јувентус е на 17 март кога ќе и гостува на Џенова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бока: Пристапувањето во ЕУ треба да се заснова на заслуги, Македонија веќе требаше да е дел од унијата
-
Конечно започнува реставрацијата и конзервацијата на црквата на манастирот Трескавец
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство