Фудбал
11. April 2025 - 10:25

Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Од „Енфилд“ објавија дека египетскиот интернационалец ќе остане во клубот и по крајот на актуелната сезона, но не го прецизираше времетраењето на новиот договор на играчот.

Според различни извори, тој е за период од две години.

Иднината на Салах беше предмет на постојани шпекулации во текот на целата сезона, а извештаите сугерираат дека тој привлече сериозен интерес од клубовите во Саудиска Арабија.

Сепак, од централата на клубот не избрзаа во преговори со нивната голема ѕвезда. На крајот на минатата година и самиот Салах призна дека не добил нова понуда од клубот, а зборовите на крилниот напаѓач сериозно ги загрижија навивачите на „црвените“.

На крајот, сепак, во последните месеци преговорите меѓу двете страни напредуваа брзо и беше постигнат договор.

Во досегашниот дел од сезоната, Салах има 32 гола на 45 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања.