И денеска судења против Мерко
Струшкиот градоначалник Мерко и денеска седна на обвинителна клупа овој пат за три одвоени предмети за незаконско поставување директори во повеќе училишта.
Поради отсуство на сведокот се одложи судскиот процес за случајот со училиштето во Велешта каде, покрај Мерко, уште четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување. Според обвинението, покрај незаконското поставување на Егзона Шеј за директор, таа се товари и за фалсификување дипломи.
Адвокатот Цобоски истакна дека најнапред требало да се поведе постапка против тие што го фалсификувале документот и најави дека ќе докажат дека во случајот со Егзона нема кривично дело.
Судијата Јованов се надева дека до месец јуни ќе има звршница на предметите за незаконско поставување директори во некои основни училишта во Општина Струга.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе обвиненија за несовесно работење во службата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар