Се намалува бројот на вработени во индустријата, најголем пад има во текстилниот сектор
Се намалува бројот на работници во индустријата. Најголем пад статистиката пресмета дека имало во преработувачката индустрија.Таму во септември изброи за скоро 3% помалку вработени. Причини за ваквата состојба има повеќе – велат од Организацијата на работодавачи.
Тоа се намалените нарачки од странство, незивесноста, иселувањето и неатрактивноста кај младите да работата во овие сектори .
- Она што се нуди на пазарот е незначително и недоволно. И покрај сите наши напори да направиме прекфалификација и доквалификација, неатрактивнсота кај младите да работата во индустријата си го прави своето. Тие бараат полесни работни места, затоа иднината во овој сектор е во дигитализацијата, изјави Владанка Трајковска, претседател на Организација на работодавачи.
Според статистиката, најголем пад на вработените , за скоро 10% годишно, има во текстилната индустрија. Неизвесноста кај нив е висока и за период кој следи, вели Трајковска, и не се исклучува можноста од затворање на дел од тексилните капацитети и следниве месеци.
Тоа е така затоа што не сме веќе конкурентни по евтината работна сила. Ние не развивме текстилан индустрија, туку се концентриравме само на ЛОН производсство. Сега странските партнери го откажуваат нарачките, додеак нашите тексилни компании се жалат и на повратот на ДДВ. Се надевам дека ова сега ќе се нивелира, затоа што овие пари им се неопходни за ликвиднсот и за нови нарачки, додава Трајковска., претседател на Оргазнизација на работодавачи
Од јануари до септември пак, споредено со истиот перид лани, бројот на вработени во индустријата се намалил за 3,7%.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
