Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по денешната средба на Коалицијата на подготвените што се одржа во Елисејската палата изјави дека сите учесници се согласиле дека Русија ги отфрла сите иницијативи за мир и оти постигнале разбирање за општата рамка на безбедносните гаранции за Киев.
Според него силна украинска армија е основа на сите гаранции и затоа ги повика европските компании за оружје да работат со полн капацитет.
Зеленски, на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека секоја земја од Коалицијата на подготвените во моментов подготвува документи за својот придонес кон безбедносните гаранции. Тој додаде дека е постигнато разбирање за тоа кои земји се подготвени да испратат воен персонал во Украина и инсистира дека САД треба да бидат дел од безбедносните гаранции.
Макрон истакна дека 26 земји се обврзале да учествуваат во обезбедување гаранции за Украина по копно, воздух или море, додека поддршката на САД за безбедносните гаранции ќе биде финализирана во наредните денови.
– Имавме телефонски разговор со претседателот Трамп … Заклучоците од овој разговор се едноставни: Во наредните денови ќе ја финализираме американската поддршка и овие безбедносни гаранции. САД, како што реков, беа вклучени во секој чекор од процесот, истакна Макрон
Тој додаде дека Украина сега ќе ги координира санкциите против Русија со САД.
– Доколку Русија продолжи да одбива да учествува во мировните преговори, ќе има нови санкции во координација со САД, истакна Макрон.
Зеленски коментирајќи го телефонскиот разговор со Трамп наведе дека американскиот претседател е многу незадоволен“ поради тоа што земји-членки на ЕУ купуваат руска нафта, при тоа посочувајќи ги Словачка и Унгарија.
– Претседателот Трамп и американската администрација се вознемирија … поради изборот што го направија две земји-членки на ЕУ, кои продолжуваат да купуваат руска нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10 033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
