Трамп оптимист за мировниот договор по средбата меѓу американската и украинската делегација во Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е оптимист по разговорите меѓу претставниците на Украина и неговата администрација за начините за завршување на војната во Украина.
Зборувајќи во авионот „Ер Форс Уан“, тој се осврна на Украина која има „мали проблеми“ и рече дека скандалот со корупција во земјата „не е од помош“, јави ДПА.
Трамп не одговори на новинарско прашање дали тоа ќе ги попречи мировните преговори, но набргу додаде „мислам дека има добри шанси да постигнеме договор“.
Уште еднаш, Трамп изрази убедување дека и Русија и Украина сакаат крај на војната. Американскиот претседател потврди дека неговиот специјален претставник, Стив Виткоф, неделава треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, иако засега нема конкретен датум на средбата.
Пртеходно вчера Виткоф, државниот секретар Марко Рубио и други претставници на американската Влада се сретнаа во Флорида со украинската делегација и разговараа за можен мировен план, потсети германската агенција.
На снимката што е споделена на социјалните мрежи, Рубио рече дека состанокот бил „многу продуктивен и корисна сесија“ на која, според него, е постигнат „дополнителен напредок“. Меѓутоа, тој предупреди дека „има уште работа што треба да се направи“.
Рубио рече дека прашањето е комплицирано, со многу променливи делови и дека руската страна сè уште треба да се вклучи. Рубио потврди дека ова ќе се случи во наредните денови, кога Виткоф ќе ја посети Москва.
Шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, го окарактеризира состанокот како „продуктивен и успешен“.
„Разговаравме за иднината на Украина, за сè што е важно за Украина и украинскиот народ“, рече тој, според украинските медиуми.
„САД многу нè поддржуваат“, додаде Умеров.
Ниту тој ниту Рубио не дадоа детали за содржината на разговорите.
Неодамна беше објавен американски план од 28 точки за завршување на војната во Украина, но многумина го критикуваа како „руска листа на желби“. Европејците и Украинците подоцна го преработија планот со претставници на САД, иако неколку точки остануваат спорни, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
