Loading Video...
Свет
1. December 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Путин ќе се сретне со американскиот претставник Виткоф утре  во Москва, соопшти Кремљ. Витков ќе го информира  рускиот претседател  за  исходот  од  вчера одржаните разговори со украинските  претставници  за  начините за  завршуавње на војната со Русија .

Покрај Витков,во делегацијата на САД беше и дрќавниот скетара Марко Рубио и Џаред Кушнер, зетот на  претседател Трамп. Укрианската делегација ја предводеше Рустем Умеров, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана,  кој ја презеде оваа улога по оставката на Андриј Јермак поради корупциски скандал. . И Рубио и Умеров разговрите  кои се оддржаа на Флорида ги опишаа како тешки но продуктивни .Притоа не прецизираа  во кои аспекти е постигнат напредок и каде сè уште има пречки.

- Не сакаме само да ја завршиме војната, сакаме и да и помогнеме на Украина да биде безбедна засекогаш. Значи, никогаш повеќе да не се соочат со друга инвазија. Сакаме украинскиот народ да излезе од оваа војна не само за да ја обнови својата земја, туку и да ја изгради на начин што ќе биде посилен и попросперитетен отколку што некогаш бил“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

 Разговаравме за иднината. Разговаравме за сите важни прашања што се важни за Украина, за украинскиот народ и САД беа супер поддржувачки. Работевме, веќе имавме успешен состанок во Женева и го продолживме овој успех. Овој состанок беше продуктивен и успешен“, изјави Рустем Умеров, шеф на преговарачкиот тим на Украина.

Српскиот претседател објави дека од утре запира со работа рафинеријата на  „Нафтената индустрија на Србија“ во Панчево   доколку САД не издадат лиценца што би ѝ овозможила на компанијата да продолжи со функционирањето. Рафинеријата е клучна  за домашното снабдување со нафта и деривати.. НИС е во претежно руска сопстевност и поради тоа  е опфатен со  американските санкции кои ТРамп ги воведе врз рускиот енергетски сектор. . Американските власти бараат целосно елиминирање на рускиот капитал од НИС. Санкциите стапија на сила на 9-ти октомври.

На 18 ноември  Србија побара  посебна лиценца   за работа на НИС додека се во тек преговорите за промена на сопственоста на компанијата . Доколку  не добијат позитивен одговор, Вучич вели дека запирањето на работата на рафинеријата за краток временски период нема да биде проблем.  Ги повика граѓаните да останат смирени и најави дека ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците.