Македонија
1. December 2025 - 13:36

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во групата Елементарни занимања, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал годинава се регистрирани вкупно 10.033 работни места. Од нив, 2.393 се во преработувачката индустрија, 1.830 во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 867 во  Административни и помошни услужни дејности, 730 во Образование, 719 во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 705 во Градежништво, 660 во Транспорт и складирање, 458 во Дејности на здравствена и социјална заштита, 354 во Стручни, научни и технички дејности, 324 во Информации и комуникации...
 
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53  проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,69  проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,22  проценти.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70  проценти. 

И во првиот кваратал годинава стапката на слободни работни места изнесуваше 2,02, а во вториот квартал година 2,08.

 

МИА