Македонија
1. December 2025 - 13:19

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 06.09.2025 полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе.