Американски и украински претставници разговараат за мировниот план за завршување на војната во Украина

Разговорите меѓу украинската и американската делегација за мировниот план за завршување на војната во Украина почнаа денеска во САД.
Ова го соопшти секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, цитиран од украинската новинска агенција Укринформ.
„Во САД веќе започна средбата меѓу делегациите на Украина и САД за чекорите кон постигнување праведен мир“, рече Умеров.
Тој додаде дека останува во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Имаме јасни упатства и приоритети – заштита на интересите на Украина, содржаен дијалог, напредок кон тоа што беше постигнато во Женева“, рече Умеров.
На 23 ноември, претставници од Украина, САД и Европа се состанаа во Женева за да разговараат за мировниот план предложен од Вашингтон за завршување на војната во Украина. По преговорите, страните потврдија дека секој иден договор треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина и да гарантира траен и праведен мир, забележа Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
