Заев на средба со Туск: Европската народна партија е силен поддржувач на европската перспектива на Македонија
Премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров, во Атина се сретнаа со Доналд Туск, претседател на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот совет.
Премиерот Заев ја искажа својата благодарност до претседателот Туск за поддршката која тој ја даде за Македонија за време на склучувањето на Договорот од Преспа како и за охрабрувањата кои тој ги упатуваше на македонски јазик до граѓаните во тој период, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев го извести Туск дека Владата во Македонија останува силно посветена на реформите во сферата на правната држава, борбата против корупцијата и криминалот, на справувањето со пандемијата, на развојот на економијата и на европските интеграции и дека ќе продолжи политичкиот дијалог со сите чинители со цел обезбедување уште подобри резултати на овие теми.
Туск на премиерот Заев уште еднаш му потврди дека тој и Европската народна партија остануваат да бидат посветен пријател и поддржувач на европската перспектива на Македонија и дека ќе бидат вложени дополнителни напори за поддршка на земјата со цел што е можно поскоро отпочнување на процесот на преговорите.
Премиерот Заев потенцираше дека политичкиот дијалог секогаш носи решенија и во таа насока потврди дека во Македонија постојат и услови и потреби за унапредување на соработката меѓу власта и опозицијата, пред сѐ заради тоа што граѓаните очекуваат заедништво и сплотеност на политичките партии кога се во прашање иднината на земјата и интересот на народот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп