Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
До крајот на годината Македонија треба да ги заврши обврските кон ЕУ со кои ќе се укине роаминг за македонските граѓани во земјите од Унијата, потврди министерот за дигитална трансформација Андоновски за Сител.
По информацијата дека Црна Гора и Албанија од јуни следната година се приклучуваат на заедничкиот пазар на ЕУ за телекомуникациски трошоци, Андоновски вели дека Македонија пред еден месец го добила акцискиот план кој треба да се подготви за прилагодување на македонското законодавство со европското со кој ќе се исполни условот за потпишување на договорот „Роаминг како дома“.
Црна Гора и Албанија од јуни следната година се приклучуваат во заедничкиот пазар на Европската Унија за телекомуникациски трошоци, што ќе им овозможи на нивните граѓани да остваруваат повици по цени како дома. Истото ќе важи и за патниците од земјите на ЕУ кои ќе патуваат во Црна Гора и во Албанија, што значи дека разговорите, пораките и користењето интернет ќе бидат наплатени по домашни тарифи.
Ваквата можност е дел од пошироката европска иницијатива за економска интеграција на Западен Балкан, со цел укинување на бариерите и намалување на трошоците за комуникација.
Според најавите на македонската влада и исполнувањето на обврските, очекувањата се земјава прва да го потпише договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани.
Покрај Македонија, преговорите за укинување на роаминг ги продолжуваат и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Украина.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар