Македонија
21. October 2025 - 19:40

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада

Интензивирање на економските и политичките односи и високото ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија биле потврдени на средбите на потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски со државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон. 

По средбата Николовски порача дека инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји. За Македонија приоритет е реализацијата на инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството.

Во владина делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски освен Николовски се и министерката за финансии, Кочоска Димитриеска, министерот за надворешни работи и трговија Муцунски и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани кои учествуваат на состаноците од Берлински процес кој се одржува во Лондон во организација на премиерот Кир Стармер.

На агендата се голем број средби со високи владини претставници, а премиерот Мицкоски ќе има прием и кај кралот Чарлс.

Дводневната посета на Лондон владината делегација ќе заокружи со работни средби со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство, министерот за Европа и Северна Америка. 

Според најавите ќе биде потпишан и меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај за зголемување на директни летови од Англија кон Македонија.