Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
Купиштата смет по скопските улици се потенцијална “бомба” за ширење на заразни болести и се закана за јавното здравје на сите граѓани, предупредува директорот на Инфективната клиника. Од цревни, респираторни инфекции и алергиски реакции поради контакт или непријатниот мирис од коминалниот отпад до сериозни инфективни заболувања кои ги пренесуваат глодари можат да бидат резултат на преполните контејнери и мини депониите околу нив.
- Од глодари може да се каже дека се пренесува лептоспироза (глувчешка жолтица) бидејќи тие се собираат во купишта смет, а при контакт или повреда со контаминирани предмети во тие купишта може да дојде до тетанус која е сериозна инфекција, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката заинфективни болести.
Во случај на контакт со глодари, повреда од контаминиран предмет во близина на контејнери или појава на симптоми на цревни инфекции од Инфективната клиника советуваат граѓаните да побараат лекарска помош.
- Прво да се јавата кај матичниот и во зависност од состојбата тој ќе направи проценка каде понатаму да го упати пациентот дали на секундарно или терциерно ниво.
- Дали имате антитетанус терапија на Инфективна?
- Да имаме, одговори д-р Фадил Цана, директор на Инфективната клиника.
Предупредување и апел до сите надлежни институции што поскоро да се исчисти сметот на социјалните мрежи напиша и микробиологот Никола Пановски. Тој посочува дека стаорците многу брзо се размножуваат и нема да чекаат втор круг на избори.
- За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња, објаснува професорот.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар