Македонија
22. October 2025 - 16:32

Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје

Сигурен во победата во вториот круг за Скопје Орце Ѓорѓиевски, веќе одржа неформална координација со новото владејачко мнозинство во градскиот совет, предводено токму од неговата матична партија за првите активности како градоначалник.

Не е загрижен за најавите на неговиот противкандидат Амер Мециновиќ за можна меѓусебна поддршка на Левица, ДУИ и СДСМ. Иако ако победи ќе има стабилно мнозинство зад себе, Ѓорѓиевски ветува соработка со сите советници, вклучително и опозицијата. 

Отворени врати за соработка понуди и Даме Димитровски, носителот на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ

Изминативе четири години се покажа дека градски Совет без сигурно мноазинство и кој не е во соработка со градоначалникот може целосно да го наруши функцинирањето на метрополата. ВМРО-ДПМНЕ со 18 мандати и владините партнери Влен со шест и ЗНАМ – еден освоија апсолутно мнозинство со 25 од вкупно 45 советника.

Останатите засега припаѓаат на опозицијата и тоа Левица и ДУИ освоија по 6 мандати, СДСМ – 5, коалицијата Искуство за успех, преку ЛДП освои 1 мандат и два мандати припаѓаат на независните листи. 

Ѓорѓиевски влегува во вториот круг како фаворит имајќи ја предвид разликата во гласови со Мециновиќ од првиот круг.