Македонија
22. October 2025 - 12:17

Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип

Рекорден интерес на граѓаните за вакцинирање против сезонски грип. Само во Штип од почетокот на процесот на имунизација досега се вакцинирале 600 граѓани. Уште од рано утринава, пред здравствениот дом „Панче Карагозов“ пристигнуваат повозрасни граѓани, со намера да се заштитат навреме од вирусното заболување.

-Јас се вакцинирав пред малку. Не ме фаќа грип.

-Ќе се вакцинирам. Јас имам повеќе болести, па мора да се заштитам.

-Ќе се вакцинирам, анкета штипјани.

Вакцините се бесплатни за хронично болните, граѓаните над 65 години, бремените жени, здравствените работници,  лицата со слаб имунитет и деца од шест месеци до 5 годишна возраст. Нема временски лимит за пријавување на вакцинација.мк.

-Апелирам сите да се пријават на вакцинација.мк , со цел да се заштитат од сезонскиот грип. Се уште нема определен рок за прекин на заинтересираноста, изјави Јасмина Саздовска, епидемиолог, Центар за јавно здравј –Штип.

Обезбедени се 80 000 вакцини, а досега на ниво на држава пријавени се 60 000 лица. Министерството за здравство организира превентивни тимови низ земјата, кои вршат вакцинација и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и на лица со попреченост.