Македонија
22. October 2025 - 12:17

Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки

Се поголем е интересот за угостителско туристичкото образование.За разлика од минатото денес младите ја избираат оваа дефицитарна струка на пазарот на трудот.  Главната причина се дуалните паралелки, кои  се  основа за подготовка на стручниот кадар кој е доста баран во земјава.

Училиштето е реновирано но најважно од се е што има кабинети и современа опрема за   пракса што е клучно за дуалното образование, кое денес на младите им овозможува дирекно и брзо вработување.

Ученичкиот дом пак овозможува еднаков пристап до  образование за сите без оглед од каде доаѓаат учениците.