Македонија
22. October 2025 - 16:30

Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток

Премиерот Мицкоски се сретна со британскиот крал Чарлс во рамки на посетата на Лондон. 

Кустат средба се одржа на приемот кој британскиот крал го организираше за лидерите од регионот, а во рамки на самиот за Западен Балкан како дел од Брелинскиот процес. 

Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу нашите земји, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството,  напиша Мицкоски по средбата.

Премиерот потпиша и меморандум за инвестиција со Американско-британската компанија Бурсток која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари, информираше Мицкоски 

Во текот на денот предвидена е средба и со британскиот премиер на која според најавите ќе се разговара за економска и инфраструктурна соработка со Велика Британија, додека евроинтеграциите биле во фокус на средбата со францускиот министер за Европа.

Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија, напиша Мицкоски по средбата со Адад. 

Во рамки на посетата на Лондон, според најавите македонската делагација ќе  потпише и меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај за зголемување на директни летови од Англија кон Македонија.

Лондон е домаќин на 12тиот самит за Западен Балкан како дел од Берлинскиот процес кој има за цел да ги зајакне политичката, економската и инфраструктурната соработка и да ја забрза европската интеграција на земјите од регионот.