Заев: 2019 се очекува да биде година за раст на економијата
ММФ е долгогодишен партнер на Република Македонија и многу добро ги познава сите аспекти во економијата. Особено ме радува фактот што ММФ констатира стабилизација на економски план. Почнавме процес на постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит кој оваа година е проектиран на ниво од 2,5 отсто. Во предлог Буџетот за 2019 предвиден е раст на БДП од 3,2 отсто. Очекуваме во третиот и четвртиот квартал од 2018, па и во првиот квартал од 2019 растот да се интензивира.
Ова го порача премиерот Зоран Заев, кој денеска се сретна со шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија Џесмин Рахман, која предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира.
Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакна дека приходите од наплата на даноците растат и тоа покажува дека економијата е раздвижена и приватниот сектор бележи добри резултати во работењето. Сите овие позитивни аспекти охрабруваат и очекуваме следната година да биде година на економијата. Додаде дека преку значајни вложувања во тренинзи, обуки и програми за дуално образование, за чие спроведување ќе помогнат и двајца советници од Сојузна Република Германија, ќе се работи на зголемување на продуктивноста.
Премиерот Заев ја оцени соработката со Меѓународниот монетарен фонд како значително важна, повика и понaтаму да го држат фокусот врз Македонија, да спроведуваат мониторинг на економските перформанси на нашата земја, како важен сегмент во креирањето политики за обезбедување економски прогрес и подобар животен стандард за граѓаните.
– Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи во иднина и ја оценија пензиската реформа како добра за стабилизација на пензискиот систем. Она што и е потребно на земјата според препораките на ММФ како најголем приоритет е зголемување на продуктивноста, преку обезбедување на ефикасни институции и развој на нови вештини и знаења, се вели во соопштението од Влада.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот