За 43 лица во Скопје побарани казни за непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против вкупно 43 лица за непочитување на полицискиот час.
– Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации, стои во соопштение на ОЈО.
Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Сите се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик“.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото