Македонија
23. April 2025 - 12:24

Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ

Околу 50 лица се сомничат за долгогодишни проневери во системот за доделување на туѓа нега и инвалидски пензии во големата полициска акција која од утрово се спроведува во неколку градови низ Македонија.

Неофицијално меѓу приведените се доктори, членови на комисија во фондот за пензиско, адвокати, вештаци и управител на консултантско биро. 

Извршени биле претреси на повеќе локации.